Достапни линкови

Од полноќ поефтинуваат бензините


Од ноќеска на полноќ се намалува цената на бензините за 1,5 денар, а на дизелот за два денари. Според Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика новата цена на Eurosuper БС-95 ќе изнесува 69 денари за литар, на Eurosuper БС-98 ќе се продава за 70,50 денари. Екстра лесното масло за домаќинство, исто така поевтинува за 1,5 денари и ќе се продава по 46 денари за литар.
XS
SM
MD
LG