Достапни линкови

Ослободен иранскиот режисер Панахи


Иранскиот режисер Јафар Панахи денеска бил пуштен од затвор по исплатена кауција од 200,000 американски долари. Иранските власти го имаа осудено на казна затвор поради наводно учество на ланските протести по претседателските избори. Режисерот, добитник на повеќе меѓународни приознанија, во јавноста е познат како подржувач на Мир Хусеин Мусави, кандидатот на реформистичката опозиција кој изгуби на ланските претседателски избори. Новинската агенција ИРНА јави дека и покрај тоа што Панахи бил пуштен на слобода, иранскиот суд и понатаму ќе го разгледува неговиот случај.
XS
SM
MD
LG