Достапни линкови

logo-print

Нема надеж за скорешно решение за името


Медијаторот Метју Нимиц со премиерот Никола Груевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски

Медијаторот Метју Нимиц со премиерот Никола Груевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски

Последните случувања околу прашањето за името не будат надеж за скорешен компромис. Според стручната јавност, на Грција не и се брза, а актуелната ситуација со економската криза дополнително може да биде пречка за решавање на спорот. Ќе треба да се бараат алтернативни патишта, а тоа значи дека Македонија ќе треба да демонстрира посветеност да го реши проблемот, велат експертите.

Медијаторот Метју Нимиц се уште нема одредено датум за нова средба со македонскиот и грчкиот преговарач. Неговиот предлог првично се очекуваше во март, а сега се најавува до крајот на мај. Последните случувања околу прашањето за името не будат многу надеж за компромис. И актуелната ситуација во Грција исто така може да биде пречка во решавањето на спорот. Претседателот Ѓорге Иванов изјави дека на Грција не и се брза. Тоа е пасивна позиција и не става во ситуација да бидеме држава која е константно изложена на
Тоа што и одговара или не и одговара на Грција е проблем нејзин пред меѓународната заедница, и ние на тоа треба да инсистираме.
ултиматум што е погрешна позиција, коментира Слободан Чашуле.

„Тоа што и одговара или не и одговара на Грција е проблем нејзин пред меѓународната заедница, и ние на тоа треба да инсистираме.“

Според него, нашата единствена позиција треба да биде во активирањето на Времената спогодба со оглед на тоа дека Грција доброволно се обврза да не ја попречува интеграцијата на Македонија во меѓународните организаци, под услов да прифаќа тоа да се прави со привремената референца која е во употреба во Обединетите Нации. Се друго ќе значи крај на нашите аспирации односно на тој начин ќе се елеминира ризикот од криза што им е особено важно и на НАТО и ЕУ, вели Чашуле.
Денко Малески

Грција нема да дозволи враќање назад на таа можност од причина што блокадата во НАТО беше успешна и беше условено членство со компромиси, вели професор Денко Малески. Истото се случува и со ЕУ.
Со тоа што многу јасна изјава, дека овој процес ќе се реши со тоа што Грција сите гледаме дека е зафатена со тешки внатрешни проблеми и тешко дека таа е подготвена, или пак дека сака да отвори друго прашање,
тешко.
Ние многу сериозно треба да се соочиме со овој проблем, вели Малески:

„Станува збор за многу сериозен идентитетски спор, за кој што треба многу внимателно внатре да се поразговара и да се види што во државната политка на Република Македонија пречи во подобрувањето на односите со Грција и со другите соседи, како може тоа да се отстрани, за да ја откочиме оваа состојба во која што се наоѓаме во моментов.“

Аналитичарот Ризван Сулејмани смета дека Грција во моментов има внатрешни приоритети поврзани со економската криза. Ќе треба да се бараат алтернативни патишта, а тоа значи дека земјава треба да демонстрира посветеност да го реши проблемот, а во меѓувреме да настојува да биде примена во НАТО под референцата, вели Сулејмани.

„Со тоа што многу јасна изјава, дека овој процес ќе се реши со тоа што Грција сите гледаме дека е зафатена со тешки внатрешни проблеми и тешко дека таа е подготвена, или пак дека сака да отвори друго прашање, тешко.“
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG