Достапни линкови

Грчката криза ќе се одрази и во Македонија


Фабрика

Фабрика

Според експертите и бизнисмените, во иднина може да се очекува дека грчката криза ќе се одрази и во Македонија, пред се врз обемот на трговската размена. Грција, според податоците на Државниот завод за статистика, е на листата на земји со кои сме оствариле најголема трговска размена во првите три месеци од годинава.

Грчката криза и нестабилноста на еврото во моментов нема негативни последици врз извозот на македонските компании, но во иднина, експертите и бизнисмените очекуваат да се одрази врз обемот на трговската размена. И анализата на Стопанската комора која анкетираше сто компании за влијанието на случувањата во Грција врз македонското стопанство покажува дека засега нема проблеми на тој план. Грчката криза и нестабилноста на еврото не влијаат врз извозот на металите, напротив компаниите тргуваат најчесто со долари
Мислам дека во секој случај ќе има негативни импликации грчката криза, а исто така и нестабилноста на еврото.
и неговиот раст е позитивен за нашата работата, вели Николајчо Николов од рудникот Бучим.

„Тоа не влијае затоа што извозот на металите е главно на берзата каде се вреднува доларот и дури и порастот на вредноста на доларот и падот на еврото, поволно влијае врз работењето на рудниците.“

Македонските компании ќе ги почуствуваат последиците во наредниот период, вели професор Марија Зарезанкова Потевска:

„Мислам дека во секој случај ќе има негативни импликации грчката криза, а исто така и нестабилноста на еврото. Во моментов можеби нема да се одрази и не се одразува толку многу, но не очекувам дека во иднина ќе биде подобрена состојбата, бидејќи сепак грчката криза е голема и последиците ќе бидат големи.“

Според анализата на европските аналитичари, Југоисточна Европа ќе страда од економските проблемите на нашиот јужен сосед. Последиците според статијата на Бизнис Њуз Јуроп најсилно ќе се почувстуваат преку пад на регионалната трговија и тоа најмногу кај Македонија, наведувајќи ги податоците на ММФ според кои 14 отсто од македонскиот извоз и 9,5 отсто од увозот се реализираат со јужниот сосед. Грција, според податоците на државниот завод за статистика, се наоѓа на второто место по Германија на листата на земји со кои Македонија остварила најголема трговска размена во првите три месеци од годинава. Обемот на извоз на Македонија во Грција од јануари до март изнесува околу милион и двеста илјади долари.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG