Достапни линкови

Во Брисел состанок на НАТО, поканети и кандидатите за ЕУ


Денеска во Брисел ќе биде одржан политички дијалог на министрите за одбрана на државите членки на НАТО, како и земјите кои се кандидати за влез во ЕУ. Со состанокот ќе претседава Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон.
Македонска делегација е предводена од заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев.Ова е прва средба од ваков вид по стапувањето на сила на Лисабонскиот договор, на која се поканети Македонија, Норвешка, Турција, Албанија, Хрватска и Исланд.
XS
SM
MD
LG