Достапни линкови

Политичарите ги влошуваат меѓуетничките односи


Од неодамнешните протсети на албанските НВО во центарот на Скопје
Од неодамнешните протсети на албанските НВО во центарот на Скопје

Во анкетата спроведена од Универзитетот Југоисточна Европа во соработка со УНДП, поголем дел од граѓаните одговориле дека политичките партии најмногу ги влошуваат меѓуетничките односи. Експертите велат дека партиите манипулираат со чувствата на граѓаните само за да се здобијат со политички поени.

Политичките партии малку работат на терен за подобрување на меѓуетничките односи и на намалувањето на тензиите кои се зголемуваат во последниве неколку месеци, иако граѓаните сметаат дека токму тие се најодговорни за меѓуетничката напнатост, смета дел од експертската јавност. Професор Мирјана Малевска вели дека резултатите од анкетата, што ја спроведува Универзитетот Југоисточна Европа во соработка со УНДП, покажуваат дека граѓаните одговориле дека политичките партии најмногу ги влошуваат меѓуетничките
Политичарите знаат да ги злоупотребат чувствата на граѓаните за да се здобијат со политички поени во таа беспоштедна, а кај нас до крајни мерки заострена борба за власт.
односи.

„И без анкета од она што слушаме и гледаме знаеме дека политичките лидери, односно политичарите знаат да ги злоупотребат чувствата на граѓаните за да се здобијат со политички поени во таа беспоштедна, а кај нас до крајни мерки заострена борба за власт. Така што перцепцијата за политичките партии е дека не работат односно ги влошуваат меѓуетничките односи.“

Претседателот на Асоцијација за демократски иницијативи, Љуљзим Хазири вели дека политичките партии повеќе се ориентирани кон партиските врхушки отколку кон базата.

„Значи повеќе има ангажман во политичките партии кои се на власт, додека на опозицијата излгеда и годи оваа ситуација и не гледам некои активности во насока на смирување на ситуацијата.“
Така што перцепцијата за политичките партии е дека не работат односно ги влошуваат меѓуетничките
односи.


Професор Малевска посочува дека би било нереално да се очекува од партиите да се откажат, некогаш дури и од злоупотреба на меѓуетничките односи, ако тоа им носи гласови. Сепак, таа вели дека главниот проблем е што целиот општествено-политички простор им е препуштен на партиите. Малевска смета дека излезот е во јакнењето на граѓанскиот сектор, зашто така би се намалила моќта на партиите да манипулираат со етничките чувства на граѓаните.

Протести на албанските НВО - 10 Мај 2010
„Нема, што се вели, мрежа на врски коишто ги поврзуваат граѓаните, кои ќе ги сечат етничките линии и каде што да се биде припадник на една етничка заедница е нешто на втор план, не толку важно, туку поважно е да се биде граѓанин, да се биде припадник на некоја невладина организација, да се биде припадник на некоја волонтерска организација, член на Синдикат итн, значи таму каде што се мешаат луѓето, тоа недостасува и затоа улогата на политичките партии е толку многу пренагласена во ова општество, едноставо го узурпира целиот простор.“

Подобрувањето на меѓуетничките односи, барем декларативно, е еден од главните приоритети на сите поголеми политички партии - и од македонскиот и од албанскиот блок.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG