Достапни линкови

Вокер - Двете страни треба да најдат компромис за спорот за името


Поранешниот амбасадор на САД во НАТО Курт Вокер смета дека на патот на Македонија кон Алијансата, двете страни во спорот околу името треба на прв план да го стават интересот на граѓаните. Проблемот со името претставува пречка на патот на демократијата, пазарната економија, владеењето на правото, стабилноста и безбедноста, изјави Вокер за Гласот на Америка„.Останува на двете држави да изнајдат компромис, а не само една од нив“, рече Вокер порачувајки дека владите треба да најдат начини да се справат со прашањата на идентитет, име, јазик и слично, без да го спречат тој долгорочниот развој.
XS
SM
MD
LG