Достапни линкови

САД „по активни“ на Блискиот Исток, Централна Азија и Африканскиот рог


Соединетите држави, како што се јавува, ги прошириле тајните воени активности против милитантните групи во Иран, Саудиска Арабија, Сомалија и другите земји во регионот. Според "Њујорк тајмс" наредбата била потпишана во септември од страна на шефот на американската Централна команда, генералот Дејвид Петреус. Со неа се дозволува испраќање американски војници на специјални операции во овие земји на Блискиот Исток, Централна Азија, и Африканскиот рог со цел да соберат разузнавачки информации и да изградат врски со локални сили. Според официјални лица, една од целите е и да се отвори патот за можни воени напади врз Иран, доколку ескалираат тензиите околу неговите нуклеарни амбиции.
XS
SM
MD
LG