Достапни линкови

logo-print

Северна Кореја го мести нишанот кон Јужна Кореја


Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ил наредил војската да биде подготвена за борба поради последните случувања, пренесува јужнокорејската новинска агенција. Односите на меѓу двете се земји се' потензични откако Јужна Кореа и наметна санкции на Северна Кореја обвинувајќи ја за потонувањето на воениот брод во март годинава при што загинаа 46 морнари. Претседателот на Јужна Кореја, Ли Мјанк Бак изјави дека ќе го постави ова безбедносно прашање на Советот за Безбеднсот во Обединетите Нации. Генералниот Секретар на Обединетите Нации, Банки Мун изјави дека очекува од Советот за безбедност да преземат мерки против Северна Кореја и додаде дека доказите за вината се „ очигледни и многу вознемирувачки.“
XS
SM
MD
LG