Достапни линкови

Предупредување од варшавскиот градоначалник за поплавите во Полска


Во делови на Полска се случуваат најлошите поплави во изминативе децении. Градоначалникот на Варшава испрати предупредување до жителите кои живеат во близина на реката Вистула, дека нивните домови може наскоро да бидат поплавени. Викендов беа избегнати дополнителни штети поради брзата интервенција на спасувачките екипи кои поставуваа бариери покрај поплавените места. Според неофицијални податоци, до сега во поплавите во Полска загинале 13 луѓе, а штетите се проценуваат на над три милијарди евра.
XS
SM
MD
LG