Достапни линкови

logo-print

МААЕ го добила дописот од Иран


Меѓународната агенција за атомска енергија потврди дека добила официјален допис од Иран во врска со договорот за размена на збогатен ураниум. Договорот, кој го иницираа Турција и Бразил, предвидува итранските власти да испраќаат збогатен ураниум во Турција во замена за гориво за нуклеарниот реактор во Техеран. Од Меѓународната агенција соопштија дека ќе го препратат дописот до властите во Соединетите американски држави, Франција и Русија, со цел да биде разгледан.
XS
SM
MD
LG