Достапни линкови

logo-print

Британската Влада најави кратење на буџетските трошоци


Британските власти денеска ги обелоденија деталите од плановите за намалување на раходите од британскиот буџет во висина од 6,2 милијарди фунти. Кратењето се прави со цел поуспешно справување со рекордниот британски буџетски дефицит, јави новинската агенција „Ројтерс“. Од синдикатите во земјата реагираа дека намалувањето на трошоците од народната каса ќе се одрази на работата на јавните претрпиајтија и истовремено ќе загрози илјадници работни места. Сегашниот буџетски дефицит сочинува близу 11 проценти од британскиот Бруто домашен производ.
XS
SM
MD
LG