Достапни линкови

Здравко Дејановиќ е четвртиот Македонец кој се искачи на Монт Еверест


Скопјанецот Здравко Дејановиќ е четвртиот Македонец кој се искачи на Монт Еверест. Дејановиќ заедно со четворица планинари во рамки на руска експедиција се искачија на Монт Еверест денеска во 9 часот и 30 минути по локално тибетанско време. Експедицијата започна на 7 април од Катманду, а денеска се очекува планинарите да се спуштат на 7.700 метри. Од Планинарскиот клуб „Бистра“, каде членува Дејановиќ, информираат дека искачувањето е изведено во исклучително тешки временски услови со силен ветер и врнежи од снег.
XS
SM
MD
LG