Достапни линкови

Кумановци незаинтересирани за згрижувачки дом семејства


Куманово

Куманово

Кумановци не се заинтересирани за основање дом семејства за згрижување деца без родителска грижа, деца со хендикеп и стари и болни лица, велат во Центарот за социјални работи во Куманово.

Кумановци преферираат згрижување мали и здрави деца кои би останале да живеат кај нив и по 18 годишна возраст, како и дали ќе им биде регулиран работниот однос. До сега осум деца од Куманово се згрижени во дом семејства во Прилеп, Битола, Македонски Брод, а од Крушево бараат и деца со психички или физички хендикеп, велат надлежните во Центарот.
Во моментот имаме за обработка потенцијални згрижувачи 20-ина. Но не знаеме дали и тие ќе ги исполнат условите. Семејството треба да е станбено и материјално обезбедено

„Во моментот имаме за обработка потенцијални згрижувачи 20-ина. Но не знаеме дали и тие ќе ги исполнат условите. Семејството треба да е станбено и материјално обезбедено“, вели Мирослава Илиевска социјален работник во Центарот.

Што се однесува до згрижување стари лица уште помалку има заинтересирани. За основање дом семејство неопходно е да бидат исполнети законските одредби.

„Возраста на згрижувачот, степенот на образованието, здравствената, моралната подобност, материјалната состојба и условите за сместување“, вели Сузана Трајковска социјален работник.

Таа додава:
Висината на надоместокот е различна зависно како дете или лице ќе биде згрижено. Таа е од 6.000 за здраво дете и само илјада денари повеќе за лице со пречки во равојот


„Постапката за прибирање документација е покомплексна. Бара многу време, а и средства за да се обезбеди уверение од лекарот, од судот дека не е казнуван, материјалната состојба, се чека подолго време, а и се плаќа.“

Висината на месечниот надоместок на згрижувачкото семејство исто така не е атрактивна.

„Висината на надоместокот е различна зависно како дете или лице ќе биде згрижено. Таа е од 6.000 за здраво дете и само илјада денари повеќе за лице со пречки во равојот“, вели Трајковска.

Без оглед на се, се повеќе се работи на реализирање на проектите за напуштање на институционалните згрижувања. Згрижените лица во дом семејства се под континуиран мониторинг од стручните служби, во контакт се со своите семејства и се настојува дом семејствата да бидат времени сместувалишта. Иако, велат социјалните работници најчесто се создава емотивна врска помеѓу згрижените и згрижувачите.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG