Достапни линкови

Тужба против државата за случајот „Битолска Шеќерана“


Протестите на вработените во ,,Шеќерана" минатата година

Протестите на вработените во ,,Шеќерана" минатата година

Истераните штрајкувачи од битолска Шеќерана ја тужат државата пред Судот за човекови права во Стразбур зашто им го ускратила правото на штрајк. По забраната на штрајкот фабриката од работа испушти 25 работници, меѓу кои и водачите на штрајкувачите и на синдикалната организација.

Истераните штрајкувачи од битолска Шеќерана ја тужат државата пред Судот за човекови права во Стразбур зашто им го ускратила правото на штрајк. Поранешните работници минатата година шест месеци штрајкуваа за подобри услови за работа и повисоки плати. Тогаш сопствениците на фабриката ги тужеа за нелегитимен штрајк, а судот одлучуваше со месеци носејќи контрадикторни одлуки.
По донесување на одлуката на основен, се жалеше Шеќерана до Апелација, која си носи контра одлука и го забранува штрајкот.


„Првично не имаа тужено за нелегитимен штрајк. Основен суд донесе пресуда во нивна корист. По жалба Апелација го пренасочи делото на Основен со извесни измени во предметот. По донесување на одлуката на основен, се жалеше Шеќерана до Апелација, која си носи контра одлука и го забранува штрајкот“, вели Пеце Милошевски, претставник на поранешните работници од Шеќерана.

По забраната на штрајкот фабриката од работа испушти 25 работници, меѓу кои и водачите на штрајкувачите и на синдикалната организација. Работниците не го добија ни судскиот спор да се вратат на работа. Покрај ова со судска одлука треба да и ги вратат на Шеќерана парите за придонеси што ги платила за нив додека штрајкувале. Има најави дека од нив ќе бара и 21 милиони денари надомест на шетета за ангажирање на друга работна сила додека траел штрајкот. Околу заштитата на работничките
За тие 21 милион денари премиерот Груевски доби писмо од Европската федерација на синдикати во март годинава, а во писмото ваквото барање е наречено реваншизам и бараа од Груевски да го разгледа тој случај.
права на шеќеранци се ангажира и Европската федерација на синдикати.

„За тие 21 милион денари премиерот Груевски доби писмо од Европската федерација на синдикати во март годинава, а во писмото ваквото барање е наречено реваншизам и бараа од Груевски да го разгледа тој случај. Досега ништо нема кажано во врска со тоа премиерот и не знаеме до каде е работата“, вели Милошевски.

Од Шеќерана во неколку наврати образложија дека штрајкот го сметаат за нелегитимен зашто не бил навремено најавен, а понудените решенија биле одбиени од работниците. Со фабриката шест години управуваат бугарски газди, бројот на вработени е преполовен, а наместо домашна суровина, се преработува увозен шеќер.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG