Достапни линкови

Уапсени 7 осомничени за бомбашки напад во Авганистан


Авганистанските власти денеска соопштија дека упасиле седуммина осомничени за бомбашкиот напад од осумнаесетти овој месец, во кој загинаа осумнаесетмина. Портпаролот на службата за разузнавање Саед Ансари рече дека седуммината биле уапсени минатата недела. Во бомбашкиот напад загинаа шестмина војници на НАТО меѓу кои и тројца американски водници и еден канадски команданр. Станува збор за најголем напад против силите на Алијансата во Авганистан.
XS
SM
MD
LG