Достапни линкови

Најавен протест на професионалните војници


Независниот синдикат на професионални војници на Македонија најави протест за претстојниот викенд бидејки сметаат дека се игнорирани од претпоставените. Претседателот на синдикатот Веле Крбалески на прес-конференција рече дека по два месеца од нивното последно појавување во јавност наместо да се подобри комуникацијата со ресорното министерство, им било забрането да оджуваат работни состаноци со членството во касарните. Покрај решавање на нивниот статус, имено, подигнување на возарсната граница од 38 години за служба во АРМ, членовите на синдикатот си ги бараат и заостанатите надомести за храна, превоз и за други трошоци кои им доцнат неколку месеци.
XS
SM
MD
LG