Достапни линкови

logo-print

Штрајкуваат вработените во „Бритиш Ервејс“


Вработените во „Бритиш Ервејс“ денеска почнаа со петдневниот штрајк по вчерашните неуспешни преговори со менаџментот на компанијата. Од авиопревозникот соопштија дека планираат да оперираат со 60 проценти од вкупните летови. Вработените се бунат против ниските плати, последица од одлуката на менаџерите на британската фирма за намалување на трошоците. Од синдикатот на вработените најавуваат нови штрајкови доколку не се постигне спогодба со првите луѓе на „Бритиш Ервејс“.
XS
SM
MD
LG