Достапни линкови

logo-print

Путин го наредил апсењето на рускиот бизнис тајкун Кходорковски ?


Поранешниот руски премиер Микхаил Касјанов денеска на суд изјави дека Кремлин го наредил апсењето на бизнис тајкунот Микхаил Кходорковски бидејки го налутил сега екс - претседателот и премиер Владимир Путин, финансирајки ги опозициските партии. Касјанов сведочеше дека Путин го наредил апсењето на Кходорковски во 2003 гоидина бидејки тој испратил пари на сметка на руската Kомунистичка партија. Бизнис империјата на Кходорковски се распадна по неговото апсење. Капиталот на нафтената компанија беше расцепкан и присоединет кон државни фирми.
XS
SM
MD
LG