Достапни линкови

Иран ќе ја извести МААЕ за размената на нуклеарно гориво


Иран соопшти дека денеска ќе ја извести Меѓународната агенција за атомска енергија за планот за размена на збогатен ураниум што во минатата недела беше потпишан од Иран, Турција и Бразил. Со договорот, наводно, е предвидено Иран да испрати повеќе од половина од својот ниско збогатен ураниум во Турција во замена за нуклеарно гориво. И покрај предложената трампа, Иран најави дека ќе продолжи со збогатувањето ураниум, по што Вашингтон побара воведување нови санкции против Техеран.
XS
SM
MD
LG