Достапни линкови

По зачестените грабежи на банки и штедилници, минатата недела јавноста беше шокирана и од неколку убиства кога вработени ги убиваа своите претпоставении дивеејќи со оружје сред бел ден. Експертите велат дека лошата економска состојба, нефункционирањето на институциите има влијание врз појавата на девијантно однесување.

Убиства, самоубиства, престрелки, грабежи... Речиси да нема ден, а да не се случи нешто такво. Криминалните дејствија се одвиваат трендовски, ако пред еден месец актуели беа грабежите на банки, мината недела имаше неколу убиства кога вработени ги убиваа своите претпоставени или своите колеги, а случаите на убиства меѓу членови во семејството стануваат се погрозоморни, па експертите
Лошата економска ситуација, можноста да некој го направи тој чин, а да не биде откриен, дава шанса многумина да преземаат и вакви ризични акции дури и во сред бел ден
предвивдуваат дека црната хроника ќе станува се поцрна. Експертите велат дека економските состојби влијаат на однесувањето на луѓето, немањето на друг излез, нефункционирањето на институциите, влијае на падот на моралот кај луѓето и тие се свртуваат кон девијантно однесување, велат социолозите.

„Лошата економска ситуација, можноста да некој го направи тој чин, а да не биде откриен, дава шанса многумина да преземаат и вакви ризични акции дури и во сред бел ден“, вели социологот Нелко Стојановски.

Зголемениот криминал изненадува?

Освен изгубената смисла за живот, на тоа да се посегне по сопстевениот живот или по животот на другиот, или пак да се направи некакво криминално дејствије, влијае и безбедносната сосотојба. Граѓаните велат дека се уште се чуствуваат безбедно, но велат дека зголемениот криминал ги изненадува.

„Сега тоа се инцидентни случаи, иако се зачестија повеќе.“
Се чувствуваме несигурно, затоа што пред една година вакви случувања имаше само на филм.

„Па безбедно е.“

„Се чувствуваме несигурно, затоа што пред една година вакви случувања имаше само на филм.“

Македонија - полиција


Иако се познати случаи кога убиствата се изврешни со нож, секира, со труење, според статистиката најчесто убиствата се изврешни со огнено оружје. Џабир Дерала од Невладината Цивил која се занимава со борба против користење на оружје, вели дека луѓето од најразлични причини посегнуваат по оружјето. И затоа е потребно на еден посериозен начин општеството да застане на патот на криминалот:

„Да се пријде кон проблемите од овој тип, безбедност, човекови права, правда, владеење на закон, пристап до правдата итн. на еден мултидисциплинарен начин, но со повеќе приоди, со повеќе методи и исто така со повеќе институции на власта.“

Изминатата година, како и во таа пред неа имало по 38 убиства, годинава само во првите 5 месеци нивниот број изнесува повеќе од 20.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG