Достапни линкови

САД ја поддржуваат Јужна Кореа


Вашингтон сигнализира недвосмислена поддршка за Јужна Кореа по наводите дека Северна Кореа во март торпедирала еден јужнокорејски воен брод, при што загинаа 46 морнари. Белата куќа оцени дека одговорот на Јужна Кореа, да ја блокира трговија со Северна Кореа, како и пристапот на нејзините бродови до јужнокорејските води бил соодветен. Претседателот Барак Обама, исто така, нареди преиспитување на американската воена политика спрема Северна Кореа, велејќи дека американските сили ќе и помогнат на Јужна Кореа во одвраќањето на идните акти на агресија. Претседателот на Јужна Кореа Ли Мјанг Бак изјави дека случајот со потонатиот брод ќе биде предаден во Советот за безбедност на Обединетите нации.
XS
SM
MD
LG