Достапни линкови

Нова американска национална безбедност


Претседателот на САД Барак Обама

Претседателот на САД Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Соединетите Држави не можат да дејствуваат сами во светот и затоа ќе се залага за поголема меѓународна соработка. Последниот негов говор во воената академија Вест Поинт за аналитичарите е увод во новата американска безбедносна стратегија.

Од секој американски претседател се бара нова национална политика за безбедност, а говорот на Обама во Вест Поинт покажува дека тој се трга подалеку од политиката на неговиот претходник Џорџ Буш.

Бушовата политика која беше поставена во 2002 година се базираше врз таканаречена превентивна војна, како и врз еднострана стратегија што многумина аналитичари ја опишуваа како јасен американски иинтернационализам.

Сега Обама со апел за поделба на лидерството во светот.

„Товарите на овој век не можат да паднат само врз нашите војници. И во минатото ние секогаш сме избегнувале да дејствуваме сами.“

Обама ја пофали работата на американските војници во Ирак, велејќи дека е горд што ова лето ќе заврши нивната борбена мисија во
Товарите на овој век не можат да паднат само врз нашите војници. И во минатото ние секогаш сме избегнувале да дејствуваме сами.
таа земја.

За мисијата во Авганистан, Обама оцени дека станува збор за конфликт кој започнал само затоа што американските градови и цивили биле нападнати од екстремисти и оти таквата опасност се уште биле присутна.

Успехот на оваа мисија, според Обама, зависи од соработката меѓу народите.

„Да, ние јасно гледаме дека имаме недостатоци во нашиот меѓународниот систем. Но, Америка не успеваше затоа што излегуваше од тековите на соработката, туку затоа што тие текови ги насочуваше кон слободата и правдата, а народите напредува во исполнување на нивните обврски.“

Обама, исто така им се обрати и на муслиманите, при што го призна нивниот придонес во американското општество, како и нивната служба во вооружените сили на земјата.

„Екстремистите сакаат војна меѓу Америка и исламот, но муслиманите се дел од нашиот национален живот, вклучувајќи го и служењето во американската војска“, изјави претседателот Барак Обама.

Новата политика за американската национална безбедност се очекува да биде обелоденета во текот на неделава.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG