Достапни линкови

Стапката на смртноста на децата во светот помала


Стапката на смртноста на децата во светот опаѓа побргу од она што го предвидуваат Обединетите нации. Ова го покажува новата студија објавена денеска во британскиот медицински часопис Лансет. Според истражувањето, секоја година од болести кои се лекуваат како дијареата и маларијата умираат околу 7,7 милиони деца помлади од пет години. Во проценките на ОН пак, таа бројка изнесува околу 8,7 милиони. Стапката на смртноста на децата во сиромашните земји како Либерија и Нигерија опаѓа многу бргу, додека таа останува иста во богатите земји како Британија и Соедиентите држави.
XS
SM
MD
LG