Достапни линкови

Странските мисии во Киргистан обвинети за прислушкување


Киргистански државен службеник денеска ги обвини странските мисии во земјата за прислушкување. Вицепремиерот Алмазбек Атамбајев изјави дека Казакстан, Узбекистан, Русија и Соединетите американски држави „слушаат разговори“. Тој не понуди докази за подршка на обвинувањата. Коментарите на вицепремиерот следат по отпочнувањето на истрагата за корупција. Атамбајев е еден од осомничените и се соочува со обвинувања за земање мито во висина од 400,000 американски долари. Неофицијално, инкриминирачки разговори биле објавувани на интернет минатата недела.
XS
SM
MD
LG