Достапни линкови

Британија ќе штеди поради кризата во Еврозоната


Британија мора да реагира веднаш со цел да го намали својот рекорден буџетски дефицит, рече денеска вицепремиерот на Британија Ник Клег. „Мислам дека до сега не антиципиравме колку екстремно можеа да се влошат работите во Еврозоната. Тоа значи дека потребата за справување со оваа ситуација стана поголема“ изјави Клег во врска со дефицитот во британската народна каса во интервју за „Би-Би-Си“. Конзервативно-Либералната влада во понеделник би требало да најави планови за штедење со чие спроведување би трбало да се заштедат околу 6 милијарди фунти до крајот на годината. Клег за време на неодамнешните парламентарни избори, во својата предизборна кампања аргументираше дека се уште е рано да се скрати трошењето од буџетот имајки предвид дека британската економија е во период на пост – рецесија.
XS
SM
MD
LG