Достапни линкови

Неделен печат - „Мириса“ ли барутот повторно во Македонија


Весници, магазини, неделници...
Весници, магазини, неделници...

Последните акции во кои полицијата откри поголемо количество оружје го отворија прашањето за стабилноста во земјата, пишува неделникот Форум. Контролирана криза или неконтролирана политика – прашува неделникот, за да напише дека дилемата, засега, нема одговор.

„Мириса“ ли барутот повторно во Македонија? Може ли да се повтори воената криза од 2001-та? Дали власта ги провоцира македонските Албанци? Дали власта го оттргнува вниманието на граѓаните од неуспесите и неисполнувањето на ветувањата во економијата и во политиката? Ова, покрај другите, се прашањата на кои се обидуваат да одговорат анализите во домашните неделни
Англиско танго и игри на граница.
списанија. „Англиско танго и игри на граница“ е насловот на анализата во Форум, кој забележува дека последните акции во кои полицијата откри поголемо количество оружје го отворија прашањето за стабилноста на земјата. Контролирана криза или неконтролирана политика – прашува неделникот, за да напише дека дилемава, засега, нема одговор, затоа што власта најавува дека ќе продолжи ловот на криминалците и на оружјето. Опозицијата го повикува Груевски да го подобри квалитетот на меѓуетничките односи, САД и ЕУ го губат трпението, па го притискаат премиерот да го реши проблемот со името и подготвен да го пречека ноемврискиот самит на НАТО, но и да има адут за почетокот на преговори за членство во Унијата. Груевски сега е помеѓу чеканот и наковалната, да го смени името и да ја изгуби власта, или да ја изгуби безбедноста за да остане на власт, заклучува Форум.
Изрешетаното комбе од инцидентот кај Радуша

Глобус пишува за „Рафалното менаџирање на меѓуеничките односи“ и прашува дали беше неопходно ситуацијата да се радикализира до тој степен – полицијата да ги вади од оган жешките костени на импотентната политика, којашто потфрла на планот на хармонизирањето на меѓуетничките односи, стабилизацијата на економската ситуација и решавањето на спорните прашања во надворешната политика. Македонија ќе нема време за јалови дебати на тема кој го пушти духот, откако шишето ќе го срчосаат неодговорните политички лидери и аздисаните радикали на обете страни! – предупредува Глобус. Во анализата за безбедносната состојба во земјава, Глобус смета дека Никола Груевски и неговите послушници од „семејното“ раководство на ВМРО-ДПМНЕ, навистина се контролори на македонскиот хаос – ја имаат целосната контрола над стрмоглавувањето на Македонија!
Прилепско комби во Радуша е таман толку можно, колку што е можно и тетовско среде мариовско!


И Фокус се занимава со истава тема. Неделникот уште во насловот наметнува дилема дали акцијата кај скопско Радуша била „наместена“ или не: „Прилепско комби во Радуша е таман толку можно, колку што е можно и тетовско среде мариовско!“ Неделникот натаму пишува дека нема сомневање дека Харун Алиу и неговите сопатници во белото комби се тешки криминалци со кои полицијата и требало да се справува, но, прашањето е дали имаат основа сомневањата на многу Албанци и на ДПА дека во акцијата е направена класична ликвидација на криминалците, наместо нивно затворање? Од друга страна, забележува Фокус, Груевски ги зачестува ваквите акции за да го запре бавниот, но сигурен пад на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ пред роденденот на почетокот на јуни, кога според Фокус, се очекува најава за нови избори и симболична реприза на 15 септември 2002 година.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG