Достапни линкови

Клинтон ќе разговара со кинеските лидери


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска патува за Пекинг на разговори со кинеските лидери. Клинтон, меѓу другото, ќе се обиде да ги убеди кинеските власти да ја подржат иницијативата за казни против Северна Кореа поради потопувањето на јужнокорејски бродови. Државниот секретар на САД исто така би требало да разговара за поизбалансиран економски однос меѓу САД и Кина. Вчера во Шангај Клинтон посочи дека соработката меѓу двете земји е битна за решавање на светски кризи.
XS
SM
MD
LG