Достапни линкови

Интер ја освои Лигата на шампионите


Фудбалерите на италјанскиот шампион Интер вечерва во Мадрид го совладаа германскиот шампион Баерн Минхен со 2:0 во финалето на Лигата на шампионите. Стрелец на двата гола за Интер беше Аргентинецот Диего Милито во 35тата и 70тата минута. Интер стигнува до шампионската титула во најпрестижното европско натпреварување по 45 години. Македонскиот репрезентативец Горан Пандев настапи од почетокот на средбата до 78та минута и стана третиот македонски фудбалер кој има настапено и го има освоено трофејот клубски шампион на Европа.
XS
SM
MD
LG