Достапни линкови

Рикер за името: сега е време да се изнајде волја и пат за видлива динамика


Амбасадорот на САД Филип Рикер по денешната средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети искажа поддршка за визијата на партијата за Македонија и изјави оти сега е време да се изнајде волја и пат за видлива динамика во спорот со името со Грција. Потребни се напори од сите страни. „Како што посочи секретарот за Европа при посетата на Македонија минатата недела Фил Гордон, во Грција има релативно нов премиер кој сака сериозно да се продолжи напред. Слични ставови искажа и македонскиот премиер Никола Груевски при средбата со Гордон. Сега е можноста да се изнајде волја и пат за видлива промена во динамиката на овој план“ рече Рикер. Лидерот на ДУИ Ахмети, пак, рече дека евентуалното излегување на неговата партија од Владата нема да придонесе за решавање на внатрешните и надворешните проблеми на Македонија. „ Го имаме проблемот со името, има клима за негово решавање. Македонија претендира да биде членка на НАТО, но и внатрешните проблеми може да ја спречат во таа намера“ рече Ахмети
XS
SM
MD
LG