Достапни линкови

logo-print

Египет и Ирак ги обновија дипломатските односи по 20 години


Египетскиот амбасадор во Ирак денеска почна со работа. Двете земји воспоставија дипломатски односи по дваесет години пауза. Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Египет Хосам Заки рече дека амбасадорот Еиса ал Кеиралах денеска му ги предал првите документи на египетскиот министер за надворешни работи, по што имало и брифинг за состојбите во Ирак. Официјален Багдад и Каиро ги прекинаа односите во 1990 година откако Египет ја подржа американската коалиција пред војната во Персискиот Залив.
XS
SM
MD
LG