Достапни линкови

Дванаесетмина загинати во Авганистан


Дванаесетмина лица загинале денеска во провинцијата Пакита, соопштија авганистанските власти. Инцидентот настанал откако американските воени сили забележале две лица како се обидуваат да постават бомби. Во престрелката која настанала загинале дванаесет лица, меѓу кои и двајцата бомбаши. Авганистанските власти соопштија дека се спроведува истрага за инцидентот, со цел да се проверат сомненијата дека сите дванаесетмина загинати биле милитанти.
XS
SM
MD
LG