Достапни линкови

Петиција за ослободување на ирански режисер


Режисери од Иран денеска потпишаа петиција за ослободување на нивниот колега Јафар Панахи, кој штрајкува со глад во затвор во Техеран. Новинската агенција ИЛНА јави дека 85 режисери ја потпишале петицијата. Панахи, подржувач на лидерот на иранската опозиција Мир Хусеин Мусави, беше уапсен во Март и веќе една недела штрајкува со глад. Илјадници приврзаници на иранската опозиција беа уапсени лани за време на протерстите по претседателските избори во земјата.
XS
SM
MD
LG