Достапни линкови

Шангајската организација за соработка најави борба против тероризмот


Министрите за надворешни работи кои членуваат во Шангајската организација за соработка денеска се состанаа во Ташкет. Во писмена изјава по состанокот, членовите на организацијата соопшија дека ќе ја развиваат соработката во борбата против тероризмот, сепаратизмот и екстремизмот. Министерот за надворешни работи на Узбекистан Владимир Норов дополнително изјавил дека организацијата размислува за прием на нови членови. Отпочнат е процес за формирање на легална основа за проширување на организацијата, изјавил Норов за новинската агенција „РИА Новести“.
XS
SM
MD
LG