Достапни линкови

Туркменистан најави изградба на гасовод


Туркменистанските власти најавија изградба на гасовод вреден 1,5 милијарди американски долари. Туркменистан ќе го гради гасоводот од сопствени сретства и покрај тоа што странски инвеститори беа заинтересирани да се вклучат во проектот. Медиумите ја пренесуваат изјавата на претседателот Гурбангули Бердимукхамедов, кој најавил изградба на гасоводот кој би требало да се протега од истокот на земјата кон запад. Во Мај 2009 година туркемјистанската влада објави тендер за изградба на гасоводот, но резултатите од јавниот повик никогаш не беа обелоденети.
XS
SM
MD
LG