Достапни линкови

Путин најави руска помош за Киргистан


Рускиот премиер Владимир Путин денеска испрати апел до привремените власти во Киргистан да и` стават крај на политичката неизвесност што е можно побргу. Ситуацијата во земјата е комплицирана, изјави Путин во интервју за телевизискиот канал „Мир“. Премиерот додаде дека официјална Москва одлучила да испрати хуманитарна помош во Киргистан во форма на нафтени производи, жито и пари. Киргистан е во криза од април кога за време на масовни протести во земјата, претседателот Курманбек Бакиев отстапи од функцијата и замина од земјата.
XS
SM
MD
LG