Достапни линкови

Македонска државна делегација во Рим


Државната делегација на Република Македонија, предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, која од вчера се наоѓа во Рим по повод традиционалната манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил”,ќе има аудиенција кај папата Бенедикт 16. Како што е наведено во соопштението од собраниската прес служба, претседателот на Собранието и членовите на делегацијата ќе се сретнат и со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Тарчисио Бертоне.
Делегацијата на 24 мај ќе учествува на молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим.
Предвидено е Вељаноски, на 25 мај, да оствари средба и со претседателот на италијанскиот Парламент Џанфранко Фини.
XS
SM
MD
LG