Достапни линкови

logo-print

Светот треба да ја подржи владата на Сомалија, изјави Бан Ки Мун


Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун, кој учествува на меѓународната конференција за Сомалија во Истанбул, изјави дека доколку светот не ги удвои напорите, има малку шанси за мир во таа земја. На оворањето на конференцијата, тој оцени дека единствен начин за враќање на стабилноста во Сомалија е да и се даде подршка на сомалијската влада и за обнова на земјата и во битката против екстремистите. На собирот во Истанбул се расправа за ставање крај на анархијата во Сомалија и за воспоставување функционална влада, како и за обнова на економијата.
XS
SM
MD
LG