Достапни линкови

logo-print

Авионска несреќа во Индија, 158 загинати



Индијските власти соопштија дека 8 лица ја преживеале авионската несреќа на авионот на компанијата Ер Индија, кој се урна при слетувањето во западниот индијски град Мангалоре. Се страхува дека сите останати 158 патници и членови на екипажот, загинале. Авионот, кој летал од Дубаи, при слетувањето во Мангалоре, се запалил и потоа се урнал. Според локалните медиуми, пилотот бил србин, кој работел за Ер Индија и често летал на оваа релација.
XS
SM
MD
LG