Достапни линкови

Претседателот Иванов го прими Претседателот на ПССЕ Чавашоглу


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска го прими претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Мевлут Чавушоглу.
Централна тема на разговорот беше претстојното претседавање со Комитетот на Министри на Советот на Европа, за кое двајцата соговорници изразија уверување дека Македонија ќе ги вложи сите напори за успешно и продуктивно претседавање со Советот, соопшти кабинетот на Иванов.
Претседателот Иванов рекол дека јакнењето на заштитата на човековите права е прв приоритет на македонското претседавање со Советот на Европа, и потенцираше дека е неопходно унапредување и консолидирање на системот на човековите права на национално и европско ниво.
Претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа Чавушоглу го поздрави степенот на почитување, промоција и заштита на правата на малцинствата во Република Македонија, и притоа изрази уверување дека Република Македонија успешно ќе одговори на одговорната должност за време на своето претседавање и дека на планот на приоритетите на Македонија, како и на планот на реформските процеси во Советот на Европа ќе има успешна соработка
XS
SM
MD
LG