Достапни линкови

Турција бара укинување на трговското ембарго за Северен Кипар


Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу изјави дека Турција ќе ги отвори аеродромите и пристаништата за кипарските авиони и бродови ако се укине трговското ембарго за Турската Република Северен Кипар.Тој наведе дека треба да им се дозволи на кипарските Турци пристап до пристаништата во Киренија и Фамагуста и до аеродромот Ерџан во турскиот дел на Никозија.
Давутоглу изјавата ја даде пред денешната средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун во Истанбул. Поради затворањето на турските аеродроми и пристаништа за кипарските авиони и бродови беа замрзнати преговорите за членство на Турција во Европската унија.
XS
SM
MD
LG