Достапни линкови

Тројца членови на ЕТА добија 1040 години затвор


Шпанскиот суд осуди тројца членови на баскиската сепаратистичка група ЕТА на 1040 години затвор за нападот со автомобил-бомба на аеродромот во Мадрид во 2006 година. Матин Сарасола, Игор Порту и Мајкл Сан Себастијан беа осудени за тероризам и убиство на двајца еквадорски имигранти кои спиеле во нивните автомобили. Меѓутоа, тие не ќе минат над 40 години во затвор што е максимален период за терористички злосторства во Шпанија. ЕТА стои зад повеќе од 820 убиства во својата 40 годишна кампања на бомбашки напади и престрелки за создавање на независна Баскија на територијата на северна Шпанија и југозападна Франција.
XS
SM
MD
LG