Достапни линкови

Новите санкции против Иран не се пречка за руските договори?


Шефот на Комитетот за надворешни работи во горниот дом на рускиот парламент Михаил Маргелов изјави дека евентуалните нови меѓународни санкции против Иран нема да влијаат врз сегашните руски договори со Техеран. Тоа е спротивно на претходните извештаи, според кои, санкциите би можеле да ја спречат Русија да ги достави ракетите земја-воздух С-300 на Иран. Постојани членки на Советот за безбедност вклучително и Русија, постигнаа консензус за нацрт текстот на новите санкции чија цел е казнување на Иран поради одбивањето да запре програмата за збогатување на ураниумот, за која Запад стравува дека е наменета за изработка на атомска бомба.
XS
SM
MD
LG