Достапни линкови

Седница на Постојаниот комитет на СЕ


Собраниска сала
Собраниска сала

Денеска во македонскиот Парламент се оддржува седница на Постојаниот Комитет на Советот на Европа. Во поздравното обраќање, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски се осврна на спорот со името со Грција нагласувајќи дека решението на спорот неможе да задира во националниот идентитет.

Нашата конференција и воопшто Советот на Европа, иако не се место каде што се решаваат билатерални спорови, а таков е спорот со нашиот јужен сосед околу нашето уставно име, сепак треба да истакнам дека ние како Парламент донесовме неколку документи, кои ја обврзуваат владата да ги продолжи преговорите, кои ги водиме со Грција, под покровителство на Обединетите Нации. Ова го изјави
Во овие документи јасно е наведено дека решението на овој спор неможе да задира во националниот, јазичниот и културниот идентитет на Република Македонија.
претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за време на поздравното обраќање на седницата, што ја одржа постојниот комитет на Советот на Европа, кој заседаваше во македонското собрание по повод Македонското претседателство 2010 со Комитетот на министри.

„Во овие документи јасно е наведено дека решението на овој спор неможе да задира во националниот, јазичниот и културниот идентитет на Република Македонија. Значи почитувањето на националниот, јазичниот и културниот идентитет на секој поединец е еден од основните принципи на Советот на Европа.“
Постојан комитет на СЕ во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:02 0:00

За нас е голема чест да имаме можност да претседаваме со најстарата пан европска организација, која што ги воведува највисоките стандарди во човековите права и развој. Ние ќе го водиме овој комитет имајќи ги на ум сите интереси на земјите членки, на организацијата и на целиот регион кој ќе се обидеме да го направиме полноправен член на Европската Унија. Ќе ги почитуваме добрососедските односи и ќе придонесеме за стабилност и развој на регионот, вели министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.
Вашето присуство овде денеска е знак за вашата посветеност и волја за соработка со Парламнтарното собрание и јас сум ви благодарен за тоа.


„Ја гледам Европа од утре пообединета во своите разлики, се осврнувам на разликите во јазикот и религиската природа. Интеграцијата на овој регион неможе да биде замислена без интеграција на националните малцинства во европските општества, интеграцијата на малцинствата значи креирање на покохезивно и поинклузивно општество каде што индивидуата и групите имаат можност еднакво да учествуваат во своите заедници.“

Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Мевљут Чавушоглу го поздрави и му даде поддршка на Македонското претседателство.

„Вашето присуство овде денеска е знак за вашата посветеност и волја за соработка со Парламнтарното собрание и јас сум ви благодарен за тоа. Од наша страна ние сме подготвени да ви ја дадеме целокупната поддршка на вашето претседавање и ви посакувам добредојде на нашите седници.“

На седницата, пратениците на Парламентарното собрание поставуваа и прашања поврзани со работата на македонскотот претседателство во наредните месеци. Следната сесија на Парламентарното собрание ќе се одржи од 21 до 25 јуни.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG