Достапни линкови

logo-print

Клинтон: Северна Кореа мора да се соочи со последици


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска во Токио изјави дека Северна Кореа мора да се соочи со меѓународни последици поради потопувањето на јужнокорејскиот воен брод. Клинтон престојува во Токио на стартот на нејзината азијска турнеја во рамките на која ќе престојува и во Кина и во Јужна Кореа. Меѓународната специјална комисија која го истражуваше инцидентот што се случи во март годинава, вчера соопшти дека јужнокорејскиот брод бил потопен со севернокорејско торпедо. Притоа загинаа 46 луѓе.
XS
SM
MD
LG