Достапни линкови

Во Тајланд и Бангкок повторно ред


Премиерот на Тајланд Абхисит Веџаџива денеска изјави дека во Бангкок и во тајландските провинции повторно бил воспоставен редот по судирите со приврзаниците на опозицијата. Тој најави покренување независна истрага за насилството во кое во последниве два месеца загинале над 80 луѓе, а околу илјада и деветстотини биле повредени. Војската денеска целосно ја презела контролата врз квартот во Бангкок што беше блокиран од демонстрантите кои бараа оставка на владата.
XS
SM
MD
LG