Достапни линкови

Развиена прва вештачка жива клетка


Американските научници соопштија дека успеале да развијат прва вештачка жива клетка од човечки создадена ДНК. Истражувачите во Институт Крејг во близина на Вашингтон прецизираат дека компјутерски дизајнирале бактериски генетски софтвер кои потоа хемиски го пресоздале по што успеале да го трансплантираат во една клетка. Поддржувачите оценуваат дека вештачката клетка ќе може во иднина да се користи за производство на гориво или за вакцини, но и за материјали кои можат да помогнат во чистењето на животната средина. Критичарите пак, предупредуваат дека оваа технологија може да се употреби и за биолошко оружје.
XS
SM
MD
LG