Достапни линкови

Оставка на директорот на американското разузнавање


Директорот на Националното разузнавање на Соединетите држави Денис Блер ќе поднесе оставка, јавуваат американските медиуми. Пензионираниот адмирал Блер е трет на оваа релативно нова должност која е формирана во 2005 годината заради зајакнување на американската безбедност по терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон во 2001 година. Мандатот на Блер како главен советник на американскиот претседател и надзорник на 16 разузнавачки служби беше проследен со спорови со директорот на ЦИА Леон Паета.
XS
SM
MD
LG