Достапни линкови

logo-print

Сенатот го одобри законот за реформи на Вол Стрит


Американскиот Сенат го прифати законот со кои ќе се воведат најголемите рестрикции за големите банки и за другите финансиски фирми од Големата депресија во триесетите години на минатиот век. Законот сега треба да се искомбинира со верзијата од Претставничкиот дом пред како единствена верзија да оди на потпишување кај претседателот Барак Обама. Тој го пофали нацрт законот додавајќи дека со него нема да се задуши американскиот слободен пазар, туку банките ќе работат поодговорно. Обама обелодени дека лобисти на финансиската индустрија се обиделе, но не успеале да го спречат донесувањето на овој закон.
XS
SM
MD
LG