Достапни линкови

САД бара одговорност за потопениот брод на Јужна Кореја


Соединетите Американски Држави соопштија дека потопувањето на бродот на морнарицата на Јужна Кореја е неиспровоциран и своеволен чин кој ќе има последици. Секретарот за одбрана Роберт Гејтс изјави дека Пентагон за работата се консултира со Сеул. Реакцијата доаѓа откако неколку земји ја осудија Северна Кореја по меѓународната истрага која покажа дека Пјонгјанг е виновен за потонувањето на бродот во кој загинаа 46 морнари. Јужна Кореја негираше дека е одговорна за инцидентот.
XS
SM
MD
LG